Кои сме ние?
Формиран во 1993 година под името ДАР-КОМЕРЦ ЈТД, нашиот тим веќе три децении успешно ги извршува сметководствените работи на нашите клиенти, истовремено помагајќи им во процесот на донесување на деловните одлуки. Професионалноста, компетентноста и успешноста на нашиот тим со гордост ја потврдуваме преку бројот на клиенти коишто не биле задоволни од нашите услуги, а којшто број изнесува 0.
Светот во кој живееме е свет на постојани промени, чии носители се успешните компании. Токму поради тоа, промени воведуваме и ние. Секторот за сметководствени услуги го пренесовме во ЛД АКТИВ ТИМ, а во асортиманот на услуги кои ги нудиме ги воведовме и деловниот консалтинг, како и вештачењата од областа на сметководственото, финансиското и материјалното работење. Ја основавме и ЛД АКТИВ АКАДЕМИЈА, преку која успешно ја имплементираме програмата од курсот „Финансиско сметководство во пракса“.
Денес сме тим којшто нуди целосен опсег на сметководствени и консалтинг услуги за сите видови мали, средни и големи претпријатија, НВО и здруженија на граѓани, како и на физички лица регистрирани како ТП или ИЗ. Со сите наши клиенти се здружуваме како тим и заеднички работиме на остварувањето на целите.
Нашата мисија
„Постоиме и функционираме со цел да им помогнеме на нашите клиенти во процесот на остварување на она што за нив претставува успех, преку професионален, уникатен и диференциран пристап кон работата.“
Нашата визија
Деловните ентитети преку работењето создаваат вредност. Без разлика дали оваа вредност се остварува преку создавање на производ, услуга, стока или градежен објект, неоспорен факт е дека користите што произлегуваат од неа се наменети за општеството. Според тоа, визијата на нашиот тим можеме да ја изразиме на следниов начин:
„Играме централна улога во создавањето на вредностите за општеството!“