Објави и информации од областа на бизнисот, финансиите, сметководството и даноците
ДДВ третман на услуги од странски компании (Google, Meta, Microsoft, Adobe, Amazon…)
Category: даноци
Во современото работење, сè поголем број македонски компании користат услуги од странски правни лица, како што се: Google, Meta (Facebook), Microsoft, Adobe, Amazon и други даватели на дигитални и софтверски услуги. Иако фактурите за ваквите услуги не содржат ДДВ, за македонските компании постојат јасно дефинирани даночни обврски согласно Законот за ДДВ. Даночен должник Кога македонски даночен обврзник прима услуга од странски даночен обврзник кој нема ниту седиште, ниту подружница во Македонија и кога, согласно член
Неопходни документи за користење на даночно ослободување (од ДДВ) при извоз на добра
Category: даноци
Согласно член 24 став 1 од Законот за ДДВ, ослободени од данокот на додадена вредност се испораките на добра кои се превезуваат или испраќаат во странство кон примател чие седиште е во странство. Дополнително, ослободен од данокот на додадена вредност е и меѓународниот превоз на добра за извоз, како и другите услуги коишто се извршуваат во непосредна врска со извозот на добрата. Обврска на даночниот обврзник (фирмата) е да ја докаже исполнетоста на условите за
Пренесување на загуба во идни периоди (намалување на даночната основа за данокот на добивка)
Category: даноци
Фирмите коишто се обврзници за данок на добивка, а коишто оствариле загуба во календарската година, можат да ја пренесат остварената загуба (намалена за непризнатите расходи) на товар на добивката во наредните пресметковни периоди најмногу до 3 години сметано од годината во која е искажана загубата. Пример: во текот на календарската година, Вашата компанија (којашто е даночен обврзник за данок на добивка) остварила загуба од 150.000 денари, при што непризнатите расходи изнесувале 0 ден. Согласно одредбите
ДДВ на извршени услуги кон странство
Category: даноци
Од 01.01.2024 година започнува со примена новиот член 14 од Законот за ДДВ, според кој, освен лицата кои трајно или повремено самостојно вршат стопанска дејност, како даночни обврзници ќе се сметаат и лица кои вршат дејност или извршуваат промет што не е дефиниран како оданочив промет на добра или услуги, односно на секој промет на услуги извршен кон нив. Според истиот член, како место на прометот на услуга којашто е извршена кон даночен обврзник се
Сметководствена вредност на фирмата
Category: Останато
Сметководствената вредност на фирмата ја претставува разликата помеѓу вредноста на нејзините средства и вредноста на нејзините обврски. На пример, да претпоставиме дека за вршење на неговата дејност, друштвото за транспорт ИНТЕРСТЕЈТ-ТРАНС ДОО поседува транспортни средства, чија сметководствена вредност на 31 декември изнесува 10 милиони денари. Дополнително, ова друштво има 500.000 денари на неговата жиро сметка. Ова значи дека вкупната вредност на средствата со коишто располага ИНТЕРСТЕЈТ-ТРАНС ДОО на 31 декември изнесува 10.500.000 денари (10.000.000 +