Пријавување на: https://forms.gle/xcg2djtaN3oaP2B9A или на тел: 075-346-380
Времетраење на програмата: 3 месеци
Фреквенција на одржување на наставата: 4 наставни часа неделно (1 наставен час = 40 минути)
За кого е наменета обуката
Обуката е наменета за секој којшто сака и/или има потреба да се стекне со практично искуство во сферата на финансиското сметководство. Оваа обука може да ја следи секој кој сака да гради кариера во областа на сметководството и финансиите и е погодна за студенти, невработени и вработени лица кои имаат желба професионално да се занимаваат со сметководството како професија, како и за лица коишто се сопственици/управители на бизнис и сакаат да ги надградат знаењата во врска со сметководственото и финансиското работење на бизнисот. Погодна е и за професионалци кои веќе работат во областа на сметководството. а сакаат да го надополнат знаењето.
Опис на програмата
Програмата „Финансиско сметководство во пракса“, чие времетраење е три месеци, има за цел да ги оспособи учесниците за работа во сметководствениот сектор. Организирана е така што за секоја тематска единица учесникот прво се стекнува со неопходните теоретски знаења, а потоа стекнатите знаења ги применува во пракса на начин што води сметководство на компанија, притоа користејќи професионален софтвер за водење сметководство. При практичното водење сметководство, учесникот работи не само за време на предавањата, туку и дома. Курсот се состои од 21 тематска единица и е поделен на 4 модули. Оваа програма може да ја следи секој кој сака да гради кариера во областа на сметководството и финансиите. По успешното завршување на програмата, учесникот ќе може да работи во сферата на сметководството на деловни ентитети кои работат во областа на трговијата и/или услугите. Секој учесник добива сертификат по завршувањето на програмата.
Цели на програмата
Главна цел на програмата „Финансиско сметководство во пракса“ е да ги оспособи учесниците за работа во областа на сметководството на трговските и/или услужните претпријатија. Оваа цел се постигнува на тој начин што за време на програмата секој од учесниците води сметководство на трговско-услужно претпријатие со користење на професионален софтвер за водење сметководство.
Успешното поминување низ оваа обука значи дека учесникот знае и може да ги врши следните работи:
- Финансиска евиденција на влезни документи
- Изработка и финансиска евиденција на излезни фактури и ПЛТ
- Финансиска евиденција на банкови изводи и дневни финансиски извештаи
- Пресметка и финансиска евиденција на амортизација
- Пресметка и финансиска евиденција на плати
- Контирање и составување на налози за книжење
- Водење на главна книга (синтетика, дневник)
- Водење на аналитика за купувачи и добавувачи
- Пресметка и финансиска евиденција на обврски/побарувања по основ на ДДВ
- Пресметка и финансиска евиденција на данок на добивка/данок на вкупен приход
- Логичко анализирање на состојбите на сметките и анализирање на сметководствени (не)совпаѓања
- Затворање на сметките од класа 4 и класа 7
- Пренесување на салдата во наредниот деловен период
Детален преглед на модулите и тематските единици
|
МОДУЛ |
ТЕМАТСКИ ЕДИНИЦИ |
|
Финансиски извештаи и сметководствена постапка |
· Биланс на состојба · Биланс на успех · Правила за сметководствено евидентирање (книжење) · Составување налози за книжење и водење главна книга (синтетика) и аналитичка евиденција |
|
Основање и функционирање на претпријатие |
· Форми на организација на трговските друштва (Закон за трговските друштва) · Внесување капитал во претпријатието · Начин на функционирање на ДДВ (Закон за ДДВ) · Набавка на нетековни средства · Набавка на трговски стоки · Продажба на услуги · Продажба на трговски стоки |
|
Трошоци |
· Евиденција на оперативни трошоци · Пресметка и евиденција на исплати на надоместоци на физички лица (Закон за данокот на личен доход) · Пресметка и евидентирање на плати · Пресметка и евидентирање на амортизација |
|
Годишна сметка |
· Пресметка и евиденција на реализирана разлика во цени и реализиран ДДВ · Изготвување биланс на успех · Пресметка и евиденција на данок на добивка/данок на вкупен приход · Затворање на сметките од класа 4 и класа 7 · Изготвување биланс на состојба · Пренесување на салдата во наредниот деловен период |
За пријавување, кликни овде Телефон за контакт: 075-346-380
Често поставувани прашања
- Кога се одвиваат предавања во Кочани, а кога во Штип?
– Наставата за групите кои го следат курсот во Кочани се одржува еднаш неделно (сите 4 часа се одржуваат во еден ден) во текот на работната недела (понеделник-петок) во термин којшто, во зависност од работното време на учесниците, започнува помеѓу 17:00 и 17:30 h, а завршува помеѓу 20:00 и 20:30 h.
Наставата за групите кои го следат курсот во Штип се одржува во сабота, денски (сите 4 часа се одржуваат во еден ден).
- Колкава е големината на групите?
– Групите коишто го следат курсот во Кочани се составени од најмногу 10 учесника, а групите коишто го следат курсот во Штип се составени од најмногу 12 учесника, така што на секој учесник му се посветува максимално внимание.
- Дали можам да го следам курсот ако моето образование не е од сферата на економијата?
– Да. Курсот „Финансиско сметководство во пракса“ може да го следат учесници чие образование не е од областа на економијата. Ова е така затоа што првиот модул од програмата е посветен на основите на сметководството и на теоретското осознавање на сметководствените принципи. Дури откако ќе ги осознаеме правилата за работа, продолжуваме да ги применуваме во пракса, со тоа што работиме со реални документи, користејќи го истиот софтвер којшто ние го применуваме во секојдневната работа.
- Дали ќе добијам сертификат по завршување на курсот?
– Да. Секој учесник којшто ќе го заврши курсот „Финансиско сметководство во пракса“ добива сертификат.
- Колку изнесува цената на курсот и на кој начин се врши плаќањето?
– Цената на курсот изнесува 21.000 денари, а плаќањето е вирмански и може да се врши на 5 рати по 4.200 ден. Местото за следење на курсот се смета за резервирано со уплата на првата рата во износ од 4.200 денари пред почетокот на курсот, при што податоците за плаќање се следни:
– Назив на примач: ЛД АКТИВ АКАДЕМИЈА ДООЕЛ Кочани
– Трансакциска сметка на примач: 270074517250162
– Банка на примач: Халк банка
– Износ: 4.200 ден.
– Цел на дознака: уплата на прва рата за курс по сметководство
– Повикување на број (задолжување): Вашето име и презиме
Останатите 4 рати се плаќаат во периодот додека трае курсот во рокови коишто се предвидени во договорот за следење на курсот.