За (не)доволноста на формалното образование

Според податоците од Државниот завод за статистика, дури 20,8% од активното население во Република Македонија е невработено, а од друга страна работодавачите се жалат дека не можат да најдат соодветен кадар поради недостаток на квалификувана работна сила, иако бројот на дипломирани студенти постојано расте. Ова, пред сѐ, се должи на големото оптоварување на студентите со преголема количина на теоретски наставни содржини коишто немаат своја практична примена во реалноста, како и на недостатокот на практично образование за време на студиите. Количината на информации коишто дневно се генерираат во светот расте експоненцијално од ден на ден, а системот на формално образование, поради неговата сложеност, не е во состојба ефективно и ефикасно да ги следи промените. Ова е главна причина за постоење јаз меѓу вештините кои работодавачите ги бараат и вештините кои младите ги поседуваат.

Во ситуација кога приватниот сектор многу повеќе ги вреднува практичните вештини во однос на знаењата коишто кандидатите за работа ги поседуваат само на хартија, формалното образование повеќе не е доволно за наоѓање работа. Имајќи го ова предвид, а со цел да ги унапреди практичните вештини на оние кои бараат работа, како и на оние кои веќе работат или сакаат да ја променат областа во која работат, нашиот тим активно работи на спроведување практични курсеви и обуки, кои се темелат на учење преку работа. Знаењата коишто се стекнуваат преку нашите курсеви се функционални и истите можат да се применат во пракса веднаш по завршувањето на обуката!

Биди чекор пред другите! Запиши се на курс и унапреди ги твоите технички вештини!

Кликни овде за да ги видиш програмите коишто ги нуди нашиот тим!

[siteorigin_widget class=”Facebook_Like_Button_Widget”][/siteorigin_widget]

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *