Од 01.01.2024 година започнува со примена новиот член 14 од Законот за ДДВ, според кој, освен лицата кои трајно или повремено самостојно вршат стопанска дејност, како даночни обврзници ќе се сметаат и лица кои вршат дејност или извршуваат промет што не е дефиниран како оданочив промет на добра или услуги, односно на секој промет на услуги извршен кон нив.

Според истиот член, како место на прометот на услуга којашто е извршена кон даночен обврзник се смета местото каде што тој даночен обврзник има вистинско седиште. Доколку услугата е извршена кон лице коешто не е даночен обврзник, за место на прометот на таа услуга се смета местото каде што вршителот на прометот има вистинско седиште.

Ова значи дека, доколку даночен обврзник од Македонија изврши услуга кон даночен обврзник од странство (business-to-business услуга), за место на прометот на услугата ќе се смета местото каде што странскиот даночен обврзник има вистинско седиште, односно обврската за пресметување на ДДВ ќе биде пренесена на даночниот обврзник во странство.

Доколку пак, даночен обврзник од Македонија изврши услуга кон лице од странство, коешто не е даночен обврзник (business-to-consumer услуга), за место на прометот на таа услуга ќе се смета Македонија, односно местото каде што вршителот на прометот има вистинско седиште. Ова значи дека вршителот на услугата има обврска на вредноста на извршената услуга да пресмета и данок на додадена вредност.

Од овие законски одредби постојат и исклучоци за одредени видови услуги, а еден од исклучоците се услугите дадени во ставот 6 од членот 14.

На пример, доколку даночен обврзник изврши услуга кон лице кое не е даночен обврзник (B2C услуга) и доколку услугата е дел од исклучокот (пример: услуги на полето на рекламата, услуги извршени по електронски пат, услуги за обработка на податоци, телекомуникациски услуги и други услуги наведени во исклучокот), тогаш за место на прометот на услугите се смета местото каде што корисникот на услугата има вистинско седиште.

Поради начинот на кој е дефинирано местото на прометот на услугите и поради исклучоците од овие дефиниции, компаниите треба да бидат особено вниманителни во поглед на (не)пресметувањето на ДДВ при вршењето на услуги кон странство.

Затоа, од клучно значење е изборот на ЛД АКТИВ ТИМ како вистински даночен консултант за Вашиот бизнис! Нашата експертиза во полето на даноците е еден од клучните фактори за успехот на нашите клиенти!

Вашиот успех го градиме тимски!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *