Сметководствената вредност на фирмата ја претставува разликата помеѓу вредноста на нејзините средства и вредноста на нејзините обврски.

На пример, да претпоставиме дека за вршење на неговата дејност, друштвото за транспорт ИНТЕРСТЕЈТ-ТРАНС ДОО поседува транспортни средства, чија сметководствена вредност на 31 декември изнесува 10 милиони денари. Дополнително, ова друштво има 500.000 денари на неговата жиро сметка.

Ова значи дека вкупната вредност на средствата со коишто располага ИНТЕРСТЕЈТ-ТРАНС ДОО на 31 декември изнесува 10.500.000 денари (10.000.000 + 500.000 = 10.500.000).

Следно, да претпоставиме дека за набавка на едно од возилата коишто се дел од транспортните средства, друштвото подигнално кредит од банка во износ од 3.200.000 денари. Освен обврските за кредит, на 31 декември ова друштво има обврски за неисплатени плати кон вработените во вкупен износ од 300.000 денари.

Ова значи дека вкупната вредност на обврските на ИНТЕРСТЕЈТ-ТРАНС ДОО на 31 декември изнесува 3.500.000 денари (3.200.000 + 300.000 = 3.500.000).

Иако сметководствената вредност на средствата е 10.500.000 денари, сепак, со оглед што ИНТЕРСТЕЈТ-ТРАНС ДОО има неподмирени обврски во вкупен износ од 3.500.000 денари, при пресметка на сметководствената вредност фирмата, вредноста на обврските се одзема од вредноста на средствата.

Оттука, сметководствената вредност на ИНТЕРСТЕЈТ-ТРАНС ДОО на 31 декември изнесува 7 милиони денари (10.500.000 – 3.500.000 = 7.000.000).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *