Фирмите коишто се обврзници за данок на добивка, а коишто оствариле загуба во календарската година, можат да ја пренесат остварената загуба (намалена за непризнатите расходи) на товар на добивката во наредните пресметковни периоди најмногу до 3 години сметано од годината во која е искажана загубата.
Пример: во текот на календарската година, Вашата компанија (којашто е даночен обврзник за данок на добивка) остварила загуба од 150.000 денари, при што непризнатите расходи изнесувале 0 ден. Согласно одредбите од Законот за данокот на добивка, компанијата може загубата од 150.000 денари да ја пренесе во наредните периоди на товар на добивката. Ова значи дека, доколку во следната календарска година компанијата оствари добивка од 200.000 денари и нема непризнати расходи, преку искористување на правото на пренесување на загубата, пресметаниот данок на добивка, наместо 20.000 денари (200.000 х 10% = 20.000), ќе изнесува 5.000 денари ((200.000 – 150.000) х 10% = 5.000).
Правото на пренесување на загубата се остварува со одобрение од Управата за јавни приходи, врз основа на поднесено барање од страна на компанијата (даночниот обврзник).
Компанијата го поднесува барањето до Управата за јавни приходи најдоцна до 31 март во годината којашто следи по годината во која компанијата ја остварила загубата.
Во Законот за данокот на добивка се предвидени и случаи во коишто компанијата не може да го користи правото на пренесување на загубата. Имено, ова право не може да се користи во случај на измена на статусот на даночниот обврзник врз основа на: спојување, припојување, поделба, сопственичка трансформација и слично.
Имајќи ја предвид комплексноста на даночната регулатива, од клучно значење за успехот на вашиот бизнис е изборот на ЛД АКТИВ ТИМ како стручен и компетентен даночен консултант.
Експертизата којашто ја поседуваме во областа на даноците е еден од клучните фактори за успехот на нашите клиенти!
Вашиот успех го градиме тимски!